ул. Миле Поп Јорданов 4б б 1000 Скопје
+389 72 246 098 +389 71 218 066
markossistem@yahoo.com

Стакла к-фактор 4 Сезони двослојни и трослојни

Стакла к-фактор 4 сезони двослојни и трослојни

Стакла к-фактор 4 Сезони двослојни и трослојни

Што се однесува до термо изолационите функции на прозорите, најважен е изборот на стакло пакетот, затоа што тој опфаќа приближно 80 % од вкупната површина на прозорецот.
Доколку поставите скап PVC профил со обично термопан стакло од 24мм, ќе ја подигнете термо изолацијата на само 1/5 од вкупниот можен потенцијал. Најпаметно решение претставува добар профил со стакло пакет со специјален слој како што се Ка и 4 сезонското стакло. Во секој случај, подобра варијанта е да се инвестира првенствено во стакло пакетот, за да се постигне најдобриот ефект за Вашите пари, затоа што стакло пакетот, а не профилот, ја има главната улога во топлотната изолација.

Термопан стакло 4-16-4

  • Коефициент на топлопроводливост: 2.7 W/m2K 
  • Пропуштање на UV зраци: 59.4 % 
  • Соларен фактор: 79.5 % 

Во основа не се разликува многу од стаклата на старите дрвени прозори.

 

Kа стакло 4-16-4 (low-E Glass)

  • Коефициент на топлопроводливост: 1.7 W/m2K
  • Пропуштање на UV зраци: 35 % 
  • Соларен фактор: 62.9 %

Секогаш се монтира од внатрешната страна на стакло пакетот и дозволува сончевите зраци без проблем да влезат во просторијата, но ја рефлектира внатрешната топлина и не и дозволува да излезе надвор. Со ова се доведува до значително намалување на загубата на топлотна енергија во зима и намалување на трошоците за загревање.
Не се препорачува ваквиот тип на прозори да се поставуваат на јужна или југо-западна страна, затоа што во текот на летните месеци можат да предизвикаат ефект на стаклена градина и во просториите да биде претерано жешко.

Четири сезонско стакло 4-16-4 (Planitherm 4s)

  • Коефициент на топлопроводливост: 1.0 W/m2K
  • Пропуштање на UV зраци: 28 % 
  • Соларен фактор: 43 %

Четири сезонското стакло е нов производ кој што држи топло во текот на зимата и ладно во летото. Секогаш се монтира од надворешната страна на стакло пакетот и лесно се разликува од термопан и Ка стаклото затоа што има посебен огледален слој. Дава подобри карактеристики во однос на топлопроводливост во текот на зимата, а најновите испитувања покажуваат дека во сончеви соби може да се намалат максималните летни температури и до 13 степени Целзиусови со споредба со Ка стаклото. Исто така четири сезонското стакло има помала пропустливост на UV зраци, па со тоа покрај другото доведуваат и до заштита на боите на мебелот во просторијата. Шансите за кондензација се најмали кај овој вид на стакло, затоа што во текот на зимата се одликуваат со добра топлотна изолација, подобра дури и од самиот PVC профил..