ул. Миле Поп Јорданов 4б б 1000 Скопје
+389 72 246 098 +389 71 218 066
markossistem@yahoo.com

Опшивки од гипс картон

Опшивки од гипс картон

Гипс картон системи

Брза и лесна изведба, едноставни форми, лесни решенија и безброј можности и идеи. Гипс картон облогите се покажаа како одлично решение за вашиот дом и деловен простор овозможувајќи лесно моделирање и комбинирање на просторот во кој живееме и работиме.
Дури и технички комплицираните решенија повеќе не се проблем, додека можностите за креативно обликување се речиси бесконечни, делови од таванот може да се изработуваат според сопствените желби и да се применат во многубројни варјации. Гипс картонот може лесно да се сече и обработува со што се овозможува лесно вградување на електрична, водоводна и друг тип на инсталација, која нема да биде видлива.
Гипс картон ѕидните облоги во комбинација со метална потконструкција и термоизолација од стаклена или камена волна, значително ја зголемуваат топлотно звучната изолација на објектот. Со тоа покрај естетски прифатливите решенија, заштедувате енергија, која за неколку години ќе ги врати вложените средства.

Како алтернатива за класичните масивни ѕидови се изработуваат ѕидови од гипскартон облоги. Плочите лесно се прилагодуваат на структурата на објектот и даваат одлична топлотна и звучна изолација. Прикачувањето на тешките ѕидни товари како полици и плакари се изведува без тешкотија. Водоводните и електричните инсталации лесно и без проблем се монтираат во меѓупросторот на преградниот ѕид или ѕидната облога.