ул. Миле Поп Јорданов 4б б 1000 Скопје
+389 72 246 098 +389 71 218 066
markossistem@yahoo.com

Комарници

Комарници

Комарници

Комарниците се поставуваат во вид на мрежа на прозорците и вратите во вашата куќа. На тој начин се овозможува непрекинат влез и циркулација на воздухот и спречување на влез на инсекти. Можат да се монтираат на сите видови ПВЦ и Алуминиумски столарии. После поставувањето на комарниците, прозорците или вратите може непрекинато да функционираат т.e. се отвараат или затвараат. Рамката на комарникот се изработува од алуминиум, а мрежата од стаклени влакна, односно фиберглас. Фибергласот има голема отпорност на надворешни влијанија, со што се зголемува векот на траење. Овие комарници обезбедуваат стопостотна ефикасност во спречувањето на влез на инсекти и овозможуваат одлична видливост бидејќи не се смалува количеството на светлина во просториите. Ослободете се од досадните инсекти во вашите домови, деловни простории, викендици, складишта итн.

Ролокомарник

Комарникот се намотува како ролетна во кутијата, од каде е и називот Ролокомарник. Изработен е од високо квалитетен Алуминиум, со тоа има и долг век на траење. Го има во повеќе бои според RAL карта. Едноставно управување, клик систем, комарникот се потегнува надолу со помош на рачките поставени на завршната ламела и во долна крајна позиција сам се закачува. Доколку сакаме да се собере ја притискаме завршната ламела и комарникот се откачува и лесно се подигнува.

Фиксен комарник

Изработен е од алуминиумски профили со димензии 25мм х 17мм споени со пвц спојки кои формираат рамка на која се става мрежа од фиберглас и истата се затега со соодветна гума. Се вградува директно на прозорската рамка. По потреба лесно се демонтира и монтира.

Оклопан комарник

Изработен од алуминиумска каса и крило на кое е прицврстена мрежа од фиберглас со помош на соодветна гума. Крилото е прикачено на шарки при што во едната шарка има вграден федер кој служи за самозатварање на комарникот, и истотака има и магнет кој го држи крилото во затворена положба. Истиот го има во повеќе бои.

Шибер комарник

Изработен од ал рамка – шина по која се лизга крилото на кое е прикачена мрежа од фиберглас и има помош соодветни тркалца за движење. Истиот може да се изведе во варијанта како еднокрилен, двокрилен и повеќекрилен комарник

Плисе комарник

Претставува систем на армоника комарник, каде што мрежата е превиткана како хармоника, и истата се собира странично. Плисе комарникот се одликува висока отпорност на мрежата од механички удари, модерен дизајн, како и заштеда на простор.